Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Утрово привремено затворена за сообраќај и паркирање улицата „Кеј Македонија“

Охрид, 27. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради одредени измени во системот за паркирање, утрово беше привремено затворена за сообраќај и паркирање улицата „Кеј Македонија“ во центарот на градот.

– Истата ќе биде повторно пуштена во најкус можен рок, информираат за OhridPress.

Пред хотелот „Палас“ од неодамна е поставен пункт за наплата и рампа, а ваквото сообраќајно решение е одобрено од МВР.

Станува збор за потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на „Кеј Македонија“ со „Ванчо Николески“, потег ма кој ќе биде дозволен сообраќај, како и паркирање. Со поставувањето на рампата е затворен системот за наплата од маркет „Тинекс“, кружното и „Палас“.

Сообраќајот ќе се одвива во една насока, од кружната крстосница кон хотелот „Палас“. Ваков сообраќаен режим имаше и претходно, а пред почетокот на летната сезона беше воведена забрана за секаков вид на моторен сообраќај на овој дел од улица „Кеј Македонија“ по што истиот беше наменет за движење на пешаци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука