ЕКОЛОГИЈА Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ставена на увид Студијата за оцена на влијание врз животната средина изградба на регионална депонија во Новаци

Охрид, 27. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ставена на увид Студијата за оцена на влијание врз животната средина за инвестицискиот проект „Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион“.

– Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион. Студијата е достапна за увид на веб страната на министерството www.moepp.gov.mk, на infoeko@moepp.gov.mk. и во просториите на Општина Новаци, информираат од ресорното министерство.

За вторник, 31-ви октомври е закажана Јавната расправа по Студијата што ќе се одржи во големата сала во Општина Новаци со почеток во 12:00 часот.

Депонијата во Новаци е дамнешно ветување кое треба да стави ред со депонирањето отпад во Охрид, Струга, Кичево и Битола, каде во моментов има бројни диви депонии каде се одложува ѓубрето. Најавите беа дека оваа депонија треба да биде готова до крај на 2024 година, но работи на терен не се започнати бидејќи општина Новаци побара изградба на нов обрач за да не поминуваат камиони со отпад од другите градови низ населените места во Новаци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука