Струга, 28. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми октомври 2023 година, во 13:40 часот, во Општата болница во Струга, лишен е од слобода 49-годишен жител на струшкото село Велешта.
– Тој, претходно во просториите на Итната медицинска помош, го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал две вработени лица, а потоа и полициски службеник кој, преземал службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26