Струга, 28. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми октомври 2023 година, во 21:30 часот, во ОВР Струга лишени се од слобода 20-годишно лице од струшкото село Калишта и 20-годишник од селото Ливада.
– При преглед, извршен пред интернет клуб во Струга, полициските службеници кај нив пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38