Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Започна зимскиот распоред на летање, од Охрид ќе летаат „Чаир ерлајнс“ и „Ерелваис“ до Цирих и „Визер“ до Дортмунд, Минхен Меминген и Виена

Охрид, 30. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера на двата аеродроми во Република Македонија, во Скопје и во Охрид започна зимскиот распоред на летање на аеродром кој ќе трае до 31-ви март 2024 година.

Од Охридскиот аеродром ќе летаат три авиокомпании, и тоа: „Чаир ерлајнс“ и „Ерелваис“ до Цирих и „Визер“ до Дортмунд, Минхен Меминген и Виена. Аеродромот „Свети Апостол Павле“ беше сведок на одлична летна сезона, засилена со сезонските и чартер-летови до Белград на „Ер Србија“ и до Манчестер и до Лондон („Гетвик“) на ТУИ. Инаку, за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, најчеста дестинација за патување од Охридскиот аеродром беше Базел (21,5% удел на пазарот), потоа Виена (21%), Дортмунд (16,4%), Меминген (11,9%), Малме (9,4%), Цирих (9,3%), Амстердам (8,8%), а останатите дестинации имаат 0,5%.

Топ-5 земји со директни летови од македонските аеродроми за периодот јануари-септември 2023 година беа Германија (27,3% удел на пазарот), Турција (16,9%), Швајцарија (13,4%), Шведска (6,7%); и Италија (6,5%). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука