Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид: Охриѓани се умни и знаат да направат разлика помеѓу санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица

Охрид, 31. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во недостиг на капацитет и визија и слепо следење на наредбите од Централата, СДСМ Охрид по кој знае кој пат ги помеша лончињата. За нив едно те исто било санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица. Па затоа не е ни чудно што во минато, нивните инфраструктурни проекти беа со еден куп недостатоци, реагираат од Општина Охрид на изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОО на СДСМ од Охрид.

– По кој знае кој пат се обидуваат да ја замаат јавноста со употреба на звучни флоскули. Сепак не им успева бидејќи Охриѓани се умни и знаат да направат разлика помеѓу санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица. Но, да не останиме должни кон граѓаните, а Вие од СДСМ во заблуда, ќе ви дадеме одговор на вашето послание до јавноста. Имено на 21 јуни 2022 година, како што и самите имате доставено фотографија од градежни активности на улицата „7-ми Ноември“, се гледа дека се санираат дупки, односно се врши реставрација на дел од коловозот кој е еден од влезовите на градот, а за жал беше оставен во очајна состојба. Тоа се реализираше во очи на почетокот на туристичката сеозна и со цел посетителите на Охрид барем на овој влез да немора да поминуваат по оштетен и крајно небезбеден коловоз. Додека сега, после скоро година и половина се врши комплетна реконструкција на улицата „7-ми Ноември“. Со овој зафат е опфатено реконструкција и поставување на нова атмосферска канализација, спуштање на каблите под земја, реконструкција на тротоарските површини и велосипедски патеки. Оформување на коловозни ленти, нов асфалт и ново осветлување. Односно улицата 7ми Ноември добива нов лик. Почитувани господа од СДСМ, санација на ударни дупки е една работа, додека реконструкција на целосна улица е друга. Санација се прави онаму каде што е критично и мора да се реагира што поскоро, односно на хаосот во инфраструктурата кој го оставивте, а Реконструкција се прави за менување на условите за користење, безбедноста и ликот на улиците, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука