Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Со јубилеен концерт КУД „Отекс“ вечерва ќе прослави 40 години постоење

Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со јубилеен концерт Културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид вечерва, сабота, 4-ти ноември 2023 година, со почеток во 19:30 часот ќе го одбележи јубилејот 40 години постоење.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, а бројната публика ќе има можност да види дел од 40 години долгата традиција на негување на македонскиот фолклор на КУД „Отекс“. Друштвото во овој период има реализирано бројни настапи и турнеи надвор од земјата, каде има освоено вредни награди и признанија.

КУД „Отекс“ веќе четири децении успешно опстојува на сцената и е вистински амбасадор на традиционалниот македонски фолклор во Република Македонија и надвор од неа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука