Избор Општина Дебрца Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица Охрид: И на децата почнаа да крадат

Охрид, 3. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Локалниот огранок на партиајта Левица од Охрид преку допис до медиумите информираат дека до нив пристигнала порака на загрижен родител, чие дете учело во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, а во врска со екскурзија која ја организирало училиштето во Скопје, за која учениците платиле по 1.100 денари за превоз и за театарска претстава.

– Ако влезницата за театарската претстава чини 100 денари, тогаш организираниот превоз до Скопје чини 1.000 денари. Со оглед на тоа што во еден автобус има 50 ученици, децата платиле 50.000 денари за изнајмување на автобусот. Максималната цена за изнајмување на автобус до Скопје, со чекање од 5 – 6 часа изнесува 25.000 денари, во случајот превозникот „Пупе Компани“ има профит од 25.000 денари. Биле организирани две екскурзии со по 2 автобуса, односно вкупно 4 автобуси, од кои превозникот заработил профит од 100.000 денари. Да напоменеме дека сопственикот на Компанијата „Пупе Компани“ од селото Слатино е основач на независната листа „Охрид пред се’“, која има еден советник во Советот на Општина Охрид и е коалициски партнер на ДПМНЕ. Дали овие профити се дел од коалициските договори помеѓу ДПМНЕ и основачот на ,,Охрид пред се’“ – прашуваат од Левица во дописот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука