Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминативе 24 часа во Охрид наврнаа 23 литри на м2 воден талог

Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 23 литри на метар квадратен воден талог.

– До 07:00 часот утрово наврнаа 87 литри на метар квадратен воден талог во Маврови Анови, 65 во Дебар, 57 во Крива Паланка, 40 во Берово, 33 во Скопје-Петровец, 31 во Куманово, Ѓуриште и Попова Шапка, 24 во Струмица, 23 во Крушево, 22 во Скопје-Зајчев Рид, 18 во Тетово… Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, потенцираат од УХМР.

Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 литри на метар квадратен воден талог). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Под влијание на циклонска активност времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 40 л/м2), локално поројни во форма на невреме со грмежи и засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Утре ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови. Потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука