Се’ околу нас се движи во кружни циклуси – годишните времиња, денот и ноќта, соларниот циклус и планетарните орбити, кругот на животот, акордите во музиката… Постојано се вртиме во круг, повторно и повторно, како дел од навидум бескрајни циклуси. Се’ е поврзано, вибрира заедно и се привлекува или одбива. Негативната привлекува негативна енергија, позитивната секако позитивна.

Memento mori е позната латинска фраза која буквално значи „сети се на смртта“, а често се толкува и како „запомни дека си смртен“ и „дека ќе умреш“. Не потсетува на минливоста, на смртноста и дека во врска со смртта најважно е колку што е можно порано, пред таа да пристигне, сме научиле дека суштината е во тоа како сме живееле.

Ентони Де Сент Егзипери во „Малиот принц“ ни порача дека „ако сакаме да изградиме брод, да не ги тераме луѓето да собираат даски, да распределуваме работни задачи и да заповедаме, туку да ги научиме да копнеат по огромното и бескрајно море.“

Ако пролетта е нашето раѓање, летото е младоста и најубавиот дел од животот, есента е зрелото доба, тогаш зимата е подготовката за заминување, односно стартот на уште еден нов круг…

Денеска е ден кога си спомнуваме на оние кои ни недостасуваат, кои го затвориле овој круг и започнале нов. Саканите никогаш не умираат, тие само се преместуваат од нашите очи во нашето срце, чекајќи не за повторно да го започнеме следниот заеднички круг…

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука