Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти и 5-ти ноември 2023 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.
– Притоа, полициските службеници затекнале 14 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои 11 во Охрид и 3 во Струга. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 23