Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Распишан Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година

Охрид, 6. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година.

– Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 28-ми ноември. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од Македонија, информираат организаторите.
Заинтересираните автори творбите треба да ги испратат на адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот, нема да бидат земени предвид за наградата.
Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука