ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Бронвин и Кејлеб Јеунг од САД по посетата на Охрид: Ова е скриениот бисер на Европа

Скопје/Охрид, 6. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бронвин и Кејлеб Јеунг се млад пар од САД кој одлучил првите години од бракот да ги посвети на патувања. Објавуваат содржини од нивните патувања на нивниот Инстаграм профил, но и на нивниот канал на YouTube. Велат дека сакаат да посетат што е можно повеќе земји и да научат нови јазици, а деновиве престојуваат во Македонија.

За Охрид велат дека биле пријатно изненадени од топлото време, но и од тоа што во овој период од годината градот не е преплавен од туристи. Парот можел да ужива во прошетките на црквите и манастирите, но и да направи посебно видео со старите европски автомобили што ги има на многу места низ градот, јави порталот crnobelo.com.

Тие објавија посебно видео во кое појаснија зошто според нив Охрид е скриениот бисер на Европа:

– Празни улици и нема метеж. Можете да се капете во најстарото европско езеро (старо околу 2 милиони години), кое воедно е и најдлабоко на Балканот. Има 365 цркви за секој ден во годината. Голем број од нив се отворени за туристи. Има повеќе планини од која било друга европска земја, велат тие.

Комплетната информација на порталот crnobelo.com ОВДЕ. (Крај)

извор: crnobelo.com фото: crnobelo.com

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука