Скопје, 6. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – До среда, 8-ми ноември е продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.
Од ресорното министерство денес соопштија дека причина се техничките проблеми што настанале поради преоптоварување на системот.
– Ве известуваме дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8-ми ноември (среда), до 23:59 часот, стои во соопштението.
Потенцираат дека во последните 24 часа пристигнале над 800 пријави и апелираат да не се чека последниот момент со цел да се избегне попречување во аплицирањето од технички аспект.
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива