Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Промовирана книгата „Детска Градинка Јасна Ристеска“ (краток историјат за периодот од 1950 до 1990) од д-р Никола Митровиќ

Охрид, 6. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од свечената програма посветена на одбележувањето на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денеска во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска” беше промовирана книгата „Детска Градинка Јасна Ристеска“ (краток историјат за периодот од 1950 до 1990) од авторот д-р Никола Митровиќ.

Книгата е во издание на Општина Охрид по повод Јубилејот: 60 години од основањето на оваа институција.

Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков истакна дека му претставува голема чест да биде дел од промоцијата на книга посветена на развојот на една институција, која претставува гордост за секој охриѓанец.

– Градинката успешно функционира и е пример за образовна институција во предучилишна возраст со која сите ние се гордееме. Токму затоа како локална самоуправа, настрана од ова издание кое претставува паметник за минатото, вложуваме и ќе вложуваме во иднина во реконструкција на сите објекти, дел по дел. Веќе е започната скоро во сите објекти, а ќе продолжи и понатаму. Круна на се’ во зависност од тоа како ќе се одвиваат урбанистичките планови е и изградба и на еден нов објект кој е во најава, а процедурата е почната, нагласи Пецаков.

Во монографското издание на околу 40 страници се поместени низа архивски податоци, текстови, фотографии, документи и други информативни содржини посветени на воспитно-згрижувачката дејност во градинката во периодот од 1950 до 1990 година.

Во рамки на свечената промоција на книгата настапија КУД „Гердан од бисери“ и младите балерини од „Натали студио“. (Крај)

извор: ОхриДПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука