Забава Избор

SUPER Fresh music: Chelsea Cutler – Loved By You

Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поп-музичарката Chelsea Cutler го објави својот трет студиски албум „Stellaria“ кој носи 15 песни, вклучувајќи ја и неодамна објавената „Loved By You“, како и хит-синглот „Your Bones“, кој има повеќе од 10 милиони слушања на музичкиот сервис Spotify.

Албумот е инспириран од прифаќањето на убавината во сè, доброто, лошото и сè помеѓу. Мултиталентираниот уметник беше вклучен во целиот процес на работа на изданието, од компонирање на гитара до сложената музичка продукција, потпомогната од соработникот Kevin White.

– Албумот ме предизвика да бидам подобар од порано, ми овозможи моменти на неверојатна креативност и што е најважно ме научи да уживам во сегашноста и да го ценам целиот процес, вклучувајќи ги дури и непријатните моменти, вели Chelsea.

Пејачката, текстописец, инструменталист и продуцент – талентираната Chelsea Cutler ги претстави своите неверојатни музички способности пред публиката во 2017 година, а по хитот „Your Shirt“ следуваа и албумите „How To Be Human “ и „When I Close My Eyes“ кои добија големи пофалби од музичката критика.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука