Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Нови 11 свлечишта ја одолговлекуваат изградбата на автопатот Охрид-Кичево, министерот не е одговорен за тоа

Скопје/Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нови 11 свлечишта ја одолговлекуваат изградбата на патот од Кичево до Охрид, рече денеска премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски.

Тој отвори дилема дали кинескиот изведувач и неговите подизведувачи имаат капацитет да го завршат овој проект и дека тоа ќе биде предмет на анализа која што во моментов ја прави државната фирма за патишта. Истакна дека има ревизија во однос на финансиските аспекти и во однос на процедуралните аспекти.

– Ќе биде повикан експерт за начинот на изведување на проектот. Министерството за транспорт и врски врши две анализи. Истовремено експертот ќе треба да даде кои се ефектите за начините на кои би се продолжило или би се прекинала соработката. Собранието го има изгласано договорот и сите анекси. Ќе биде предложена одлука пред пратениците бидејќи со закон ја задолжиле Владата да работи со овој изведувач од Кина. Собранието мора да ја направи промената, доколку ја има. Секоја промена значи промена на законското решение, рече премиерот.

Тој напомена дека одговорноста е на Министерството за транспорт и врски, но Договорот за проектирање на автопатот бил одговорност на проектантските куќи кои што го направиле договорот како и изведувачот.

Оттука премиерот вели дека дополнително ќе се прави анализа, но за разрешување или некаква одговорност на Министерот за транспорт и врски и директорот на фирмата за државни патишта не сака ниту да слушне. (Крај)

извор: press24.mk/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука