ноември 7, 2023

Струга, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, во однос на параметарот матност, постепено се нормализира, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

– Денешните првични физичко-хемиски анализи на водата за пиење од Градскиот водовод во Струга, вклучително и за параметарот матност, покажуваат вредности кои се во границите на законски дозволените/пропишаните. Во тек е и микробиолошката анализа на земените примероци на вода, по што, конечните резултати од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, ќе бидат испратени до соодветните, надлежни инспекциски органи за натамошно постапување, информираат од ЦЈЗ Охирд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука