Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на чествувањата на празникот 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, ЈП „Охридски комуналец“ денеска го одбележа патрониот празник.
– Им честитам на сите вработени во ова јавно претпријатие, а воедно и им се заблагодарувам за посветеноста во одржувањето на чистотата и уреденоста на градот и им посакувам да продолжат посветено и понатака, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Како благодарност за континуиран придонес и непрекинат работен стаж за 30, 20 и 10 години во претпријатието, им беа доделени награди на 6 вработени.
Исто така беа доделени 3 благодарници по повод пензионирање на вработени и 1 благодарница на вработениот Селман Кадри за своето посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило. За неговите дела кои се уметност сами по себе со кои го разубавува нашиот прекрасен Охрид повеќе овде. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива