Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за лице од Скопје поради агресивно однесување и закани кон млада охриѓанка

Струга, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Скопје, поради тоа што на 15-ти април 2023 година, по претходен договор, тој со неговата 20-годишна девојка од Охрид отишол во куќа во струшко, но откако таа побарала да си оди, тој не ѝ дозволил.

– Почнал да се однесува агресивно кон неа и да ѝ се заканува, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука