Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод 8-ми декември – Денот на „Св. Климент Охридски“, распишани се Конкурсите за доделување на општинската награда – Патрон на градот и Повелба „Св. Климент Охридски“ за 2023 година.
Наградите се доделуваат за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.
Наградата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира. Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.
Пријавите да се достават на адреса: улица „Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: За Конкурс, Општинска награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“) или до Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: За Конкурост за доделување Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес