Забава Избор

Младиот охридски музичар Димитриј Топаловски со нова песна „Живот 2“ (Видео)

Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По последната песна „Држава“ од јуни годинава, младиот охридски музичар Димитриј Топаловски има нов сингл наречен „Живот 2“.

– Немав издадено нова песна околу една година, но добив мотивација и инспирација од Пука козметика и од Мечкаров по последната песна која заедно со нив беше вирална на социјалните мрежи со преку 100 илјади прегледи. Тука не застануваме, со Пука козметика ќе извадиме уште еден хит, но претходно да ја претставам мојата нова песна „Живот 2“, втората верзија напишана за љубовта и мафијата. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме подржувааа, порачува младиот музичар.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука