Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми ноември 2023 година, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на 30-годишен охриѓанец.
– Притоа, пронајдени и одземени се две паковки со бела прашкаста материја, како и повеќе предмети со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 46