ноември 8, 2023

Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 9 часа во Охрид наврнаа 21 литри на метар квадратен воден талог.

– Од утрово до 16:00 часот наврнаа 38 литри на метар квадратен воден талог во Дебар, 32 во Маврови Анови, 29 во Попова Шапка, 21 во Охрид и Пожаране, 20 во Скопје, Зајчев Рид, 18 во Тетово и Куманово… Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, потенцираат од УХМР.

Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Денес ќе преовладува облачно и посвежо време, а почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат и над 20л/м2. Преодно стабилизирање на времето ќе има утре. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука