ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Фото-замката пред пештерата „Самотска Дупка“ во НП „Галичица“ сними дел од животинските видови присутни на овој потег

Охрид, 9. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец септември 2023 година, како дел од научните истражувања кои се спроведуваа во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, пред влезот на пештерата „Самотска Дупка“ во Националниот парк „Галичица“ беше поставена фото-замка.

Целта на поставувањето на фото-замката беше да се утврди кои животински видови се присутни во просторот околу пештерата. Во периодот септември/октомври 2023 година се утврди присуство на срна и дива свиња. Овие видови се активни и во текот на ноќта и преку ден, информираат од Црвен крст Охрид.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), a го спроведуваат Црвен крст на Република Македонија, ОО Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје, во соработка со Националниот парк „Галичица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука