Охрид, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По динамичниот хит сингл „Muñekita“ кој го одбележа летото кое е зад нас, Kali Uchis ја сними емотивната балада „Те Мата“, која носи богат звук инспириран од традиционалното болеро, како и лирска исповед за токсичната љубовна врска која авторката конечно успева да ја напушти.
Синглот е дел од албумот „Orquídeas“, кој треба да се објави на 12-ти јануари следната година. Албумот носи 14 песни на шпански јазик и соработки со најголемите имиња во латино-американската музика Karol G, Peso Pluma и Rauw Alejandro.
– Овој албум е инспириран од безвременската, мистична, впечатлива, грациозна и сензуална привлечност на орхидејата. Внесувам грст свежа енергија во него и планирам да го редефинирам начинот на кој слушателите ја перципираат латиноамериканската музика, вели Kali.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива