Охрид, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид од секогаш бил неисцрпен извор на музичари, кои сигурно чекорат по својот пат и постигнуваат забележителни успеси.
Со само 19 години, младиот Христијан (Кико) Китаноски од Охрид, инспириран од неисцрпната македонска музичка традиција, веќе го сними своето прво народно оро.
– Со музиката сум од мали нозе, а ова е моето прво народно оро. Истото е свадбарско и е креирано во соработка со маестро Златко Миладиноски, вели Кико, за кого кларинетот е инструментот преку кој најлесно ги изразува емоциите.
Златко Миладоноски се погрижи за аранжманот и е продуцент на песната, која е снимена во „City Sound“ студиото на Љупчо Соколовски. Видео спотот е дело на Димитар Бирачоски и Стефан Стојкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Христијан (Кико) Китаноски