Забава Избор Свет

Шведски град ги поттикнува жителите да си велат „здраво“

Лулеа, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градот Лулеа во Шведска, каде што живеат околу 80.000 луѓе, почна кампања за охрабрување на жителите – да се поздравуваат почесто меѓу себе. А, тоа особено важи за лицата за кои се вели дека се интровертни личности.

Во видеото што се шири на интернет, жителите на Лулеа со „крути“ лица одеднаш се разведруваат кога случаен минувач им вели „Здраво“. Видеото е придружено со порака:

– Да се поздравиш со своите соседи е мал потег, но истражувањата покажуваат дека тоа може да придонесе за подобри социјални врски и позитивно влијае врз здравјето, безбедноста и благосостојбата. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука