Ново детско игралиште за најмладите во населбата „Рача“
Охрид, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид доби уште едно катче за забава на најмладите, откако во населбата „Рача“ завршија активностите за изградба на комплетно ново детско игралиште.
– Игралиштето е опремено со соодветни детски реквизити и поставена е специјална гумирана подлога. Активностите се дел од програмата за изградба на урбана опрема на територијата на Општина Охрид, информираат од охридската локална самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |