Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Се одбележуваат 80 години од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада

Белчишта, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодна свеченост, денес во Општина Дебрца се одбележаа 80 години од формирањето на Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада.

Пред споменикот во селото Сливово делегации на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца и на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија положија свежо цвеќе.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада е формирана на 11-ти ноември 1943 година во охридското село Сливово. Бригадата броела околу 700 борци од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“.

Нема достапен опис.

Денес својот патронен празник го слави ООУ „Дебрца“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука