News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 10, 2023

Охрид, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето.

Со дозвола од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се заборават најубавите спомени и настани од најубавиот град. Истите ќе бидат споделувани автентично, најчесто на охридски дијалект.

Како порано (околу пеесетите години од минатиот век) се вработвеле куќни помошнички

За да имаш куќна помошничка требало да исполниш некои услови (двајцата сопружници да работет, да немет дома стар чоек шо ќе ги чуват децата и сл.) Ова не важело за лица кои вршеле важни државни функции. Дозвола за да имаш куќна помошничка се издавала преку државна институција која тогаш се викала управа на трудот. Со закон или одлука било пропишано колку плата ќе земат помошничката а ако готвит и се зголемвела платата. Помошничката немала обврска да перит постелнина или други плачки а ако перит платата и се зголемвела за некој износ. Исто пропишано било дека ќе се казнет домаќинот или помошничката ако се однесуваат непристојно или неморално еден кон друг.

објавил Ѓорги Љатко

Објавите во Facebook групата Муабети од Охрид и околината можете да ги следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес/Муабети од Охрид и околината фото: Муабети од Охрид и околината

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука