Струга, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“.
– Тој, во текот на оваа година, на неговата невенчана сопруга ѝ испраќал пораки со заканувачки содржини, обидувајќи се да ѝ изнуди пари, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 23