Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: На паркинг пред ноќен клуб физички нападнати две лица

Охрид, 12. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти ноември 2023 година, околу 13:00 часот, во СВР Охрид повикани се две лица од Охрид кои се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02:00 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб во Охрид, физички нападнале 28-годишна жена, а потоа и 34-годишен маж од Охрид.

– Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05:30 часот, побарале помош во службата за Итна медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај мажот биле констатирани тешки телесни повреди. Околу 10:30 часот во СВР Охрид, нападнатата охриѓанка лично го пријави настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука