Охрид, 13. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата“, беше главниот Рацинов одек и тема за Рациновите следбеници од цела Македонија да се натпреваруваат на 56. Детски Рацинови средби во Велес.
– Нашите вредни ученици заедно со посветените ментори, професорите по Македонски јазик и литература освоија грст медали, дипломи и пофалници на 56. Детски Рацинови Средби. Под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски учениците: Рецитаторката Константина Крежеска (IV-5) се закити со сребрен медал и диплома за освоена втора награда на рецитаторскиот натпревар; Ораторката Сара Петкоска (III-3) се закити со бронзен медал и диплома за освоена трета награда на натпреварот во ораторство; Младата поетеса Симона Димитриеска (I-7) се закити со бронзен медал и диплома за освоена трета награда на литературниот конкурс. Пофалница за рецитаторство доби ученичката Софија Милевска (III-7) под менторство на проф. Светлана Голабоска. Пофалница за ораторство доби ученичката Ива Јованоска (IV-3) под менторство на проф. Маријана Танеска, информира професорот Перчо Божиновски од ОСУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид.
Тој додава дека успехот е поклон и чест за Рациновата безвременост, за негувањето на македонскиот литературен јазик, а со тоа да бидеме запаметени за вечност да траеме. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива