ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за ноември

Охрид, 13. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,31 м.н.в, што е за 2 сантиметри над просекот за ноември (693,29 м.н.в) и 21 сантиметар над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на водата е 14 степени и е за 1,1 степени повисока од просекот.

Од почетокот месецов се бележи тренд на пораст на водостојот, па котата досега е покачена за шест сантиметри, а само последниве неколку дена нивото пораснало за три сантиметри. Подобрената хидролошка состојба се должи и на врнежите од дожд што ги имаме периодов.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Денес и утре ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука