ноември 13, 2023

Скопје/Охрид, 13. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во септември годинава во Република Македонија се евидентирани 124.800 туристи, од кои 34.769 (27.9%) се домашни, а 90.031 (72.1%) се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256.831, од кои 34.3% се од домашните, а 65.7% од странските туристи.

Во периодот јануари-септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.8%. Кај домашните туристи има зголемување за 0.5%, а кај странските за 40.3%.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2%, и тоа кај домашните туристи за 1.5%, а кај странските за 24.7%. (Крај)

извор: Слободен печат фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука