Струга, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 18-ти ноември 2023 година, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи отворена трибина „Депресија, болест на сегашноста“ со д-р по медицина, Бошко Томовски, Специјалист – невропсихијатар.
– На трибината ќе стане збор за препознавање и манифестирање на болеста, пристап во лечењето на болеста, местото на семејството во постоење на болеста и слично, информираат организаторите.
Влезот за сите посетители е слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27