Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Патниот правец Охрид-Ресен, преку НП „Галичица“ затворен за сообраќај за сите видови возила

Охрид, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Патниот правец Охрид-Ресен, преку НП „Галичица“ од денес ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила, информираат од Авто мото Сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Додаваат дека на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае до 01.04.2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука