Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Основците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец се запознаа со формите на насилство помеѓу врсниците

Охрид, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти ноември 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид во Основното училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Лескоец, реализираа превентивен проект на тема „Врсничко насилство“.

– Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците „булинг“ и online насилството „сајбер булинг“, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи, информираат од СВР Охрид.

Околу 150 ученици беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде да го пријават насилството и со кого да ги споделат тие информации. Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука