Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Граѓаните кои до 6-ти ноември поднеле барања за замена на старите со нови лични документи, истите можат да ги подигнат во одделенијата во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Охрид, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги повикува граѓаните кои до 6-ти ноември 2023 година, поднеле барања за замена на старите со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

– Тоа можат да го направат секој работен ден од 07:30 до 19:30 часот. Отсекот за управни работи секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука