Белград, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По долго боледување, на 63-годишна возраст почина глумецот Жарко Лаушевиќ.
Роден е на 19-ти јануари 1960 година во Цетиње. Учел во гимназија во Подгорица и од секогаш сакал да се занимава со глума.
Лаушевиќ се стекна со голема слава во 80-тите години на минатиот век, откако ја играше улогата на Милош Облилиќ во култниот филм „Битката во Косово“. Во својата богата кариера одигра многубројни улоги, од кои најзапаметени се во делата: Šmeker (1985), Svečana obaveza (TV) (1986), Dogodilo se na današnji dan (1987), Oficir s ružom (1987), Braća po materi (1988), Boj na Kosovu (1989), Original falsifikata (1991), Bolje od bekstva (1993), Kaži zašto me ostavi (1993), Nož (1999.
Бил член на Југословенскиот драмски театар, каде играл улоги во голем број претстави. Во 2015 година го сними филмот „Smrdljiva bajka“ во кој по шеснаесет години пауза се врати на филмското платно. Оттогаш има одиграно голем број забележителни улоги, меѓу кои и оние во сериите: „Koreni”, „Vreme zla”, „Kalkanski krugovi“, „Državni službenik”, „Tajna nečiste krvi”…
Во својата богата кариера освоил бројни награди, меѓу кои: Златна арена во Пула за најдобра машка улога, наградата на списанието „Polet“ во Пула, наградата Цар Константин, наградата „Град театар“, Зоран Радмиловиќ, Стеријината награда, Наградата на издавачката куќа „Dečje Novine“, Гран при на филмските средби во Ниш, наградата на весникот „Новости“, Златна арена и многу други… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива