ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Плакат за претставата „Печалбари“ од далечната 1951 година

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Охрид слики од минатото објавена е фотографија од плакат за претставата „Печалбари“ од далечната 1951 година.

Драма со музика и песни од македонскиот живот, во 4 чина и 7 слики, стои на плакатот, на кој се напишани и имињата на 18-те глумци кои играат во претставата. Информациите на плакатот откриваат и дека претставата била закажана за 27-ми мај 1951 година во салата на „Горица“.

– Плакат за претставата „Печалбари“ во изведба на Градскиот народен театар во Охрид од мај 1951 годин, напиша членот во групата Go Ce Tunt во описот на фотографијата.

И оваа фотографи е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу поедноставно и преубаво време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид слики од минатото

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука