Охрид, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Потпишана повелба за збратимување на ДСД „Никола Карев“ од Охрид и Домот за ученици и студенти од Беране, Црна Гора.
Повелбата ја потпишаа директорите на домовите, Жарко Куциноски и Горан Киковиќ. Освен со студентски и ученички домови од Србија, ова е прв пат повелба за збратимување да се потпише со студентски дом од Црна Гора.
Директорот на охридскиот студенски дом бил примен и од претседателот на општина Беране, Вуко Тодоровиќ, со кого разговарале за соработка помеѓу двата дома, а присуствуваше и на свеченоста по повод 27 години од основањето и 17 години самостојна работа на домот во Беране.
Претседателот на општината бил поканет да го посети градов, за што тој изразил благодарност и подготвеност за посета на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива