Економија Македонија

Македонија и Србија утре ќе потпишат Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје

Скопје/Белград, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ.

– Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа, нагласи Весиќ во изјава за белградски медиуми.

Тој изјави дека во тек е проектирањето на делницата Ниш-Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат своите 50 километри од границата до Скопје. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука