Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар-Стража, загина едно, повредено е уште едно лице, двете од струшка Долна Белица

Гостивар/Струга, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти ноември 2023 година, во 22:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража, кај Новоселски пат, патничко моторно возило марка „Опел корса“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишно лице од струшкото село Долна Белица, излетало од коловозот.

– Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал 54-годпшен сопатник во возилото од селото Долна Белица, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник, 41-годишно лице од струшкото село Велешта, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука