Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 14. степени

Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Денес ќе преовладува променливо облачно време со засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет. За време на викендов ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен (над 80 км/час) северен ветер. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука