Здравје Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Презентација за новитетите во молекуларната дијагностика во Охрид

Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.

– Со тоа на корисниците на нашите услуги му овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите: скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на Балканското подрачје и докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Додават дека за ги направат поблиски можностите и капацитетите до матичните гинеколози од Охрид и Струга, а со цел поефикасен и навремен одговор за задоволување на потребите на пациентите, Центарот за јавно здравје Охрид во соработка со компанијата „Биотек“ организира презентација за новитетите во молекуларната дијагностика.

Презентацијата ќе се реализира денеска во хотел „Village“ во Охрид, со почеток во 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука