Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Панел дискусија „Зајакнете ја зелената економија со еко-пријателска енергија“ на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денес е домаќин на панел дискусија, во рамки на Глобалната недела на претприемништвото.

Насловена е „Зајакнете ја зелената економија со еко-пријателска енергија“, а се организира заедно со Global Entrepreneurship Week North Macedonia.

– Придружете ни се да разговараме околу зајакнување на зелената економија со еко-пријателска енергија. Говорници на панел дискусијата ќе бидат професорката Јованка Дамоска Секулоска (УНИТ „Свети Апостол Павле“), Патриша Чејсенс, извршен директор на WeWatt и Јован Јованоски, WeWatt, информираат од Универзитетот.

Панел дискусијата ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитетот од 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука