Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 37. литри дожд на м2, најмногу во државата

Скопје/Охрид, 18. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 37. литри дожд на м2, најмногу во државата.

– Во текот на изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, наврнаа 37 литри на метар квадратен во Охрид, 30 во Лазарополе, 27 во Демир Капија, 25 во Кавадарци, 24 во Маврови Анови…, информираат од УХМР.

Во Охрид денес се очекува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снегц. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Утре ќе се задржи студено време со умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука