Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата кај струшко „Плитишта“ приведе охриѓанец кај кого пронајде марихуана

Струга/Охрид, 19. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти ноември 2023 година, во 23:00 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 43-годипно лице од Охрид.

– Тој бил затекнат во патничко возило марка „Опел“ со охридски регистарски ознаки со уште две лица, а при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука